- Ова ќе биде само второ нивно соочување на официјални средби. Првото го има добиено Аргентина со 2:1 во групната фаза на СП 1966. Другите се пријателски.
- За прв пат во историјата во нокаут фаза ќе се соочат актуелниот европски против актуелниот светски првак. Вакви примери има само два ама во групна фаза: Советски Сојуз - Уругвај 1962 и Италија - Уругвај 1970.
- Статистиката вели дека за прв пат разврската на едно Светско се случува на ваков начин со првите четири селекции на рангот на ФИФА. Финале: Аргентина (1) - Шпанија (2). Меч за трето место: Франција (3) - Англија (4).
- Две земји кои зборуваат ист јазик, последен пат во финале се сретнале во 1930-та, односно на првото Светско. Тогаш Уругвај ја совлада Аргентина.
- Атлетико Мадрид има најмногу, вкупно 10 играчи во финалето и со тој податок може да се пофали на трето мундијалско финале по ред.
