Величествен и херојски пречек за Норвежаните во Осло

Норвешка не жали за елиминацијата во четвртфинале од Англија во 93-та минута. Напротив, слави на големо. Никогаш во историјата не завршила во топ 8 во свет.

Халанд и другарите имаа пречек дома за паметење, како круна на нивното незаборавно мундијалско патешествие, инаку прво по 1998-ма.

Норвешка испиша историја со пласманот во четвртфинале, а во осминафинале стигна до неверојатен резултат. Го елиминираше петкратниот светски првак Бразил.

Три часа со отворен автобус траеше парадата со автобус низ топлата во Осло. Прво се веслаше на автобус, а потоа и пред Кралската палата, заедно со 90.000 луѓе кои дојдоа да ги поздрават своите херои.

Веслањето им стана заштитен знак после секоја победа на Светското кое го завршија со 4 триумфи и 2 порази.

14 јули 2026 - 09:26