Аргентинскиот ураган посилен од бункерот на Англија, ново финале за Меси

Светскиот првак ќе ја брани титулата против Шпанија, откако заслужено, во голем стил и со пресврт ја доби Англија 2:1. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 55 минута и потоа на терен имаше само една селекција, Аргентина. Тимот на Тухел се повлече целосно, а Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез тоа го казнија во 85-та и 92-ра минута. Меси мајстор со две асистенции и трето мундијалско финале. Аргентинците доминираа во вториот дел со 73% посед на топка и 13:4 во удари.

Аргентина - Англија 2:1

15 јули 2026 - 22:58