Тесна е листата на селектори со подвигот наречен две мундијалски финалиња.
Се работи само за седуммина. Во поново време, тоа се Лионел Скалони и Дидие Дешамп.
На Скалони тоа му успеа во Катар 2022, кога ја вивна Аргенина до светскиот трон, првпат после онаа светска титула на Марадона во 1986.
Сега има можност против Шпанија да ја брани титулата.
Дешамп играше финале во Русија 2018 кое го доби против Хрватска, а четири години подоцна загуби токму од Аргентина. На овој Мундијал испушти уникатна можност да стане прв со три финалиња.
Вака изгледа листата:
Лионел Скалони: Аргентина (2022 и 2026)
Виторио Поцо: Италија (1934 и 1938)
Хелмут Шон: Германија (1966 и 1974)
Марио Загало: Бразил (1970 и 1998)
Карлос Билардо: Аргентина (1986 и 1990)
Франц Бекенбауер: Германија (1986 и 1990)
Дидие Дешан: Франција (2018 и 2022).