Шпанија закажа мега полуфинале против Франција

Европскиот шампион Шпанија е втор полуфиналист на Мундијалот, откако по голема борба ја доби Белгија со 2:1. Микел Мерино втор пат по ред е човек на одлука. Против Португалија во 91-ва, овој пат во 88-минута. Сене Ламенс киксна на голот, откако го замени Куртоа кој се повреди. Фабијан Руиз го отвори резултатот во 30-та минута, 11 минути подоцна израмни Де Кетеларе. Полуфиналето Франција - Шпанија се игра во вторник со почеток од 21 часот.

Шпанија - Белгија 2:1

10 јули 2026 - 23:04