Мирослав Вјетровиќ: Оваа Франција од вечерва не беше дорасната за противник на Шпанија, а онаа Франција која стигна до тука беше. Шпанија најдобро ја напаѓа топката на ова Светско. Обрнете внимание како дефанзивците ја напаѓаат топката. Играат модерен фудбал, а делуваат како да играат во школски двор, релаксирано. Нивните топки беа побрзи од мислите на Французите.
Раде Богдановиќ: Шпанците фудбалски се најинтелигентни на земјината топка. После ова што го демонстрираа, на Французите и не треба да им срам што изгубија. Ова според мене е класичен пример зошто Барселона е таква каква што е и зошто е Реал онаков каков што е. Тоа не може никој да го демантира. Победија интелигенцијата, дисциплината и фудбалската техника која ја има Барса со децении.