Таг: раде богдановиќ

Раде да ти живеел под кирија во станот на Симеоне

Раде Богдановиќ, човек кој со својата оштрина и оригиналност, ја раздрма критичката фудбалска сцена во Србија, сезоната 1997/1998 има играно за Атлетико Мадрид, заедно со тогаш скапите засилувања Кристијан Виери и Жунињо Паулиста. Радомир Антиќ го донел, кој во тоа време го водеше Атлетико. Престојувал под кирија во станот на Диего Симеоне, кој пак таа сезона направи трансфер во Интер. Кажува кои му биле комшии. Меѓу нив и Бодирога.

Раде најубаво ќе ви објасни за Модриќ

И тоа видеото не е од синоќа откако Лука стана рекордер со 27 трофеи во Реал, туку е старо една година. Но без разлика. Ова е тоа дечки.

Раде: Англија на ЕП 2024 игра лош фудбал, имаат карма и среќа од почеток

Нова анализа на Раде Богдановиќ, овој пат не за Србија и Пикси, туку за Англија и Саутгејт. Пак е хирушки прецизен: „Англичаните играат во најсилната лига во Европа, а чекаат аут за да дадат гол против Словачка. Секој меч го почнуваат со 0:1. Какви им се другите селектори, ако Саутгејт им е најуспешен?“

Немаат право да му се лутат на Раде

Едно што е оригинален и духовит, а друго и поважно е што работите ги кажува отворено и точно, не за џабе е и поранешен фудбалер. Нема кај него дипломатски одговори. Раде Богдановиќ по кој знае кој, непрогрешлив во анализите за Србија.

Најоткачената изјава на Раде

Супер е Раде за гостин. Прво затоа што зборува отворено, второ затоа што критикува издржано и трето затоа што е смешен, тоест на моменти духовит. Потребни се вакви ликови за да ја разбијат онаа стерилност кај експертите кога прават анализи.