Дургутов е поранешнен фудбалер на Брегалница Штип, Три Чешми, Астибо, Плачковица и Кежовица, кој по завршувањето на кариерата во 1988-ма почнал да се занимава со спортско новинарство.
Денес може и треба да се пофали со голем подвиг, а тоа се 10 Мундијали кои ги следел на лице место. Рекордер меѓу македонските колеги.

Неговиот пат на Светските првенства стартува во Италија 1990, па продолжува во САД 1994, Франција 1998, Јапонија и Јужна Кореја 2002, Германија 2006, Јужна Африка 2010, Бразил 2014, Русија 2018, Катар 2022, па се до 2026.
Друштво во САД му правеше Наташа Петровска Дургутов, со која го работат Скок во Јутјуб верзија. Дургутов на времето беше дел од култниот Скок, првиот неделен спортски магазин (1991–1999), кој потоа прерасна и во прв дневен спортски весник (1999-2003).

Интересно, тој е прв новинар кој добил интервју од Христо Стоичков на враќање од Светското во САД 1994 и тоа во авион, кога Бугарите стигнаа до сензационално полуфинале.
На Мундијалот во Франција 1998 година се дружел со легендите на хрватската репрезентација кои стигнаа до третото место, а имал привилегија да разговара и со славни имиња како Фабио Капело, Франц Бекенбауер, Мишел Платини, Сер Бoби Чарлтон, Габриел Батистута...

Во САД беше 40 дена, проследи неколку натпревари меѓу кои и финалето на "MetLife" стадионот во Њу Џерси, каде бил и во 1994-та.