Телевизијата веќе долго време ги смета младите гледачи за изгубени, особено оние под 30 години кои едвај гледаат традиционална телевизија и кои даљинското го имаат заменето со мобилни телефони.
Ама не е секогаш така. Генерално се дреме на телефони, се глави на социјални мрежи и се бараат стримови, но не и кога ќе почне фудбалски натпревар на шпанската репрезентација.
Црвената фурија го постигна незамисливото. Нејзиното учество во мундијалското финале стана најгледаната програма во историјата на шпанската телевизија.
Финалето на СП 2026 го надмина финалето на СП 2010 за речиси два процентни поени.

Просечно, 15.385.000 гледачи го следеле финалето на сите канали што го емитуваа - La 1, La 2, Teledeporte, DAZN и La 2Cat, стигнувајќи до 85,4% во гледаност, во споредба со 85,9% во 2010 година.
Но, дополнителното време од два пати по 15 минути, стана најгледаниот телевизиски настан во шпанската историја, надминувајќи го изведувањето на пенали на ЕП 2012 против Португалија (83,3% удел и просек од 18.141.000 гледачи).
Само натпреварот помеѓу Шпанија и Аргентина привлекол 15.385.000 гледачи (86,3%), додека продолженијата дополнително ја зголемиле гледаноста на 16.608.000 гледачи и удел од 89,3%.
Во 00:01 часот скокот бил на 91,2% гледаност, само неколку минути подоцна за време на голот бројката изнесувала 91,1%, а пикот бил за време на последниот свиреж кога преносот го следеле 17.050.000 гледачи или 91,7%.

Успехот бил широко распространет кај сите публики. Финалето било гледано 91,1%, кај мажите и спектакуларни 95,2% кај младите на возраст од 13 до 24 години. Најдобрите регионални бројки се регистрирани во Мадрид (92%), Балеарските Острови (89,4%) и Андалузија (89,2%).
Финалето било круна на Светското првенство кое растело во Шпанија рунда по рунда. Од 7,9 милиони гледачи за дебито против Зеленортски острови до 14,5 милиони за полуфиналето против Франција, пред да ги сруши сите рекорди во решавачкиот натпревар.
Светското првенство во 2026 година докажа дека фудбалот останува големо засолниште на традиционалната телевизија. Ниту една забавна програма или серија во моментов не можат да привлечат милиони гледачи од сите возрасти како фудбалски натпревар на шпанската репрезентација. Пред сè, ниту една друга содржина не успева да ги привлече децата и младите назад на екранот од кој многумина се откажале.