Шпанија е во транс. Светските прваци се вратија дома, а проценките се дека во Мадрид ги пречекале околу 2 милиони луѓе. Шампионската парада според традицијата се одвиваше со панорамски автобус на кој стрелецот на голот во финалето Феран Торес се појави со капче „Make Spain great again“. Прославата продолжи организирано на бина, каде се појавија шампионите, а беа пречекани и во Кралската палата.