Аргентина броеше до седум, Нико Паз со два убави гола
Аргентина ја декласираше Коста Рика со 7:0, во пријателски меч за прва победа во новата ера по репрезентативното пензионирање на Меси. Нико Паз, Хулијан Алварез и Франко Мастантуоно беа двојни стрелци на мечот, а гол даде и Мекалистер. За издвојување е бомбата на ѕвездата на Комо, како и вториот гол изграден од шах-мат акција со помош на Алварез и Енцо Фернандез.