Прв и груб привид се направи на мечот Србија - Португалија (2:2) кога Кристијано Роналдо во последните секунди од мечот постигна гол, но судијата го поништи зошто сметаше дека домашниот играч Митровиќ навремено на гол линија ја исфрлил топката и таа не поминала со цел обим.
Грешка имаше и со гол на Франција после офсајд со Украина (1:1) и спорен пенал за Грција против Шпанија (1:1).
ЗОШТО НЕМА ВАР НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИ?
По судиската грешка на мечот Србија - Португалија се огласи УЕФА со соопштение дека тие веќе ѝ предложиле на ФИФА да го имплементираат ВАР и во квалификации но не успеале поради пандемијата:
„Во 2019 година УЕФА ѝ предложи на ФИФА воведување ВАР систем и во квалификациите за Светско. Но пандемијата ја сопре УЕФА оперативно и логистички да имплементира ВАР во групна фаза на Лига Европа за сезоната 2020/2021 па го одложивме за групна фаза на Лига Европа сезона 2021/2022, исто така го повлековме и предлогот за спроведување ВАР во квалификациите за Светско првенство 2022.
Во есента 2020 година ВАР не се користеше ни во групната фаза во Лига на нации, ниту денес системот не е користен на натпревари од групна фаза во квалифиции“, стои во соопштението на УЕФА.
Едноставно е: има стадиони кои уште немаат имплементирано ВАР системи (како на пример оној на Сан Марино или Гибралтар) па поради тоа ФИФА решила дека е подобро технологијата да не се користи никаде во моментов.
Што се однесува до Goal Line Technology, системот кој одредува дали топката ја поминала гол линијата, негова спецификација и тест со имплементација чини 300.000 фунти повеќе од ВАР систем па затоа не е секаде имплементиран.
КОЛКУ ПАРИ ЧИНИ ВАР?
Стандардни цени нема за ВАР системот и сè зависи од размер до размер и технологија на стадионот. Англиската Премиер лига потрошила скоро 6 милиони фунти за да постави по 14 камери на секој од 20 стадиони во Англија. Некаде трошокот за имплементација и сертификација на ВАР изнесува 175.000 фунти, некаде 100.000 фунти, сè зависи од технолошката подговеност на стадионот.
А еве што Србите на Твитер мислеа за судискиот привид и бесниот Роналдо.