ВАР ја намалил веројатноста на грешки од 7,9% на 1,7% што е прекрасно

Сериозно обемна научна студија покажала дека едно сецкање на мечот за прегледување на ВАР трае во просек 40-ина секунди. А активно се игра фудбал 52-56 минути, прекините за спремање слободен удар, аут, прекршоци, изведување корнери итн. изнесува 30 минути. Па стрпете се за поправеден фудбал.

ВАР (video assistant referee) се појави во светскиот фудбал поред повеќе од три години како помошен елемент и веќе стана важен и неизбежен дел од ирата. За ВАР се зборува повеќе од што се зборува за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, секоја сабота и недела светот на фудбалот дискутира и дебатира дали системот помага.

Две главни прашања до денес останаа без важни одговори: Колку ВАР го направи фудбалот почесен и дали ја забави динамиката со своите бројни чекања во тек на мечот?

На овие прашања одговараа разни стручњаци, често субјективно и категорично, а сега конечно постојат јасни бројки кои ќе помогнат во проценката на ефикасноста на технологијата. Во август Journal of Sports Sciences објави гигантска студија за ефикасноста на ВАР. Автори се белгиски научници на чело со Јохим Спиц.

Главна особеност на студијата е што вклучува повеќе од 2.000 натпревари во 12 земји, а во анализата биле вклучени и искусни судии - 80% од комисијата била составена од судии со најмалку 5 годишно искуство работа на највисоко ниво.

Така глобално и сериозно ВАР не бил оценет поради ограниченост на ресурси, но професор Спитц и колегите успеале да направат голема студија благодарение на соработката со Меѓународниот совет на фудбалски федерации кои ги состави правилата за ВАР и бил заинтересиран дали добро работи.

МОШНЕ СЕРИОЗНА СТУДИЈА КОЈА НОСИ ТОЧНИ РЕЗУЛТАТИ

Прво неколку нијанси за да се разбере длабочината на студијата. Истражувањето е спроведено со помош на специјалисти кои го спроведуваат ВАР во различни земји.

Научниците собирале податоци од првенствата на Австралија, Белгија, Кина, Чешка, Франција, Германија, Англија, Холандија, Италија, Полска, Јужна Кореја и САД од 1 јануари 2017 до 1 јуни 2018. Треба да се напомене и дека ВАР не работел во целост во сите овие земји во тој период.

На пример Англија во тоа време го тестираше ВАР во Куп натпреварите, а во Премиер лига технологијата се појави дури во летото 2019. Во Бундеслига, Серија А и Ередивизија за цело тоа време имаше ВАР.

Податоци биле собирани и анализирани во три етапи:

1. После натпреварите на кои е употребен ВАР, луѓето од секоја земја кои управувале со оваа технологија, преку специјална онлајн платформа праќале видеа од епизодите во кои е користена технологијата.

2. Стручна комисија од 5-10 судии ја оценувала работата на судиите во секоја епизода со ВАР според два параметри: дали судијата ја сфатил епизодата на терен до моментот кога се гледа ВАР или донел одлука по консултација со ВАР. Притоа за јасна проценка требало целата комисија стручњаци да дојде до заедничко мислење. Ако барем еден стручњак не се сложил со осанатите, тогаш епизодата влегува во „сива зона“ и исклучена е од испитувањето.

Ова бил добар потег, зошто посебноста на фудбалот е во креативноста на судиите кои може во ист момент на различен начин да протолкуваат разни ситуации и секој да биде во право на свој начин. Правилата на играта ја даваат оваа слобода.

3. Научниците систематизирале и обработиле огромна количина податоци. (Која може да се види овде)

ФУДБАЛОТ СТАНАЛ ПОПРАВЕДЛИВ НА 6%, ВАР НАЈЧЕСТО СЕ ПРЕГЛЕДУВА ЗА ПЕНАЛ СОМНИТЕЛНИ СИТУАЦИИ

Основните тези на студијата неодамна се појавиле во The Guardian, но големите спортски медиуми не пишувале подробно за нив.

Според испитувањето, 92,1% точни одлуки се носат без ВАР, а 98,3% точни одлуки се носат по консултација со ВАР.

- На 2.195 натпревари во повеќе првенства, ВАР бил прегледуван 9.732 пати (повеќе од четири пати по натпревар во просек), а 638 моменти (6,5%) влегле во спорната сива зона.

- Во спорните моменти судиите најчесто не ја менуваат својата прва одлука - само во 7% од спорните моменти судиите смениле мислење.

- Најглавното е што судиите без каква било помош без грешка решиле спорни моменти во 8.376 случаи од 9.094 или висок процент на точни, праведни одлуки 92,1%. По консултација со ВАР процентот на праведни, исправни решенија стигнал до 98,3%.

Факт е дека ВАР технологијата за 6,2% го направила фудбалот поправеден.

- Но! Во 111 од 8.376 случаи технологијата зезнала работа - во 1,3% од случаите судијата носел добра одлука првично но по консултација со ВАР правел грешка со промена на одлуката.

- Најчесто ВАР се консултирал за да се покаже или да се поништи директен црвен картон - 3.820 проверки (39,3%), но само во 4% случаи тоа донело до поништување на одлуката за црвен картон. Интересно е што дури во 95% од моментите, судијата решил да остане на одлуката, а само во 5% го поништувал црвениот картон.

Објаснувањето е просто: груб прекршок како на пример удар во лице без контакт со топка е најчеста епизода која што се гледа на ВАР зошто често е надвор од видно поле на судијата.

- На второ место по проверки се пеналите (33,4%). Но во случај со единаестерците, судиите почесто менуваат првична одлука - 7,7%. За разлика од црвените картони, поништување на одлука за пенал не е толку застапена. Пеналот бил потврден дури во 65% од случаевите.

- Голови се гледаат исто ретко: 27,1% од сите прегледување на ВАР. Но овде се дошло до интересни податоци: по гледањето на ВАР, судиите почесто го поништуваат голот отколку што го потврдуваат (во 74% од случаевите голот е поништен по ВАР).

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ СЕЦКА ИГРАТА ТОЛКУ ПАТИ ЗА ТИЕ 6%?

Секако дека вреди за правична одлука. А сè зависи од тоа колку ќе се натега ситуацијата. И тоа го има во истражувањето:

- Само за 8% од проверките требал подолг прекин на мечот (во просек има по 0,36 проверки по натревар), а просечното времетраење на паузата било 110 секунди. Притоа кога судијата не морал да трча до мониторот туку прегледување на снимката се случува во ВАР собата, тогаш на одлука се чека во просек по 15 секунди.

- 70% од натпреварите на кој се гледал ВАР поминале без паузи, на 24% од мечевите требала пауза да се гледа видео-снимка, на 4,7% од дуелите имало по 2 гледање ВАР, на 0,7% по три видео-повторувања, а на 0,2% повеќе од 3 прегледувања.

- Просечната пауза за гледање ВАР на еден натпревар е 40 секунди. За споредба мечот активно се игра 52-56 минути од вкупното време, повеќе од 30 минути поминуваат во подготовка за изведување слободни удари, корнери, прекини, аути и прослава на гол.

ДА ПОВТОРИМЕ - ПАУЗАТА ЗА ВАР ВО ПРОСЕК Е 40 СЕКУНДИ, А ПАУЗИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА МЕЧОТ И СÈ ОСТАНАТО ОДАТ И ДО 30 МИНУТИ!

Треба да се признае дека првичните паузи поради разни прекини, фаули, прекршоци, аути, не ги нервираат навивачите зошто нив ги сметаат за дел од мечот, а задржка од 40-ина секунди кога судијата трча кон ВАР мониторот или разговара со помошниците во ВАР собата знае да изгледа како цела вечност.

Но, како велат, правдата е спора, но достижна.

14 октомври 2020 - 12:45