Мечот Фрозиноне – Парма донесе нов рекорд не само во Италија туку и општо во Европа. Тоа е најдолгиот натпревар кој се пролонгираше поради ВАР системот.
Кога сите мислеа дека бодовите ќе си ги поделат, во 95-та минута судијата свирна пенал за домаќините. Веднаш потоа се премисли и реши да ги консултира судиите во ВАР кабината.
Што правеа тие луѓе горе цели 7 минути само они си знаат. Дури во 112 минута пристигна конечниот одговор од нив до главниот судија дека првичната одлука му била сепак исправна. Пенал за Фрозиноне.
Даниел Чофани го изведе ударот од белата точка во 112 минута за делириум на трибините, а мечот заврши дури во 115-та минута.
Тоа се 15 минути продолжение до сега невидени поради ВАР. Да ја следиш на „Резултати“ ќе мислиш дека овие играат некое финале на кое се играат продолженија два пати по 15 минути.
Ова во наслов не е шега. Италијанските медиуми пишуваат дека навивачите навистина скандирале: „На полноќ ќе завршиме“.
Мој мој па преку мој, кај се видело меч од 90 минути да се претвори во 115.