таг: вар

Како тоа во ВАР собата немаше никој?

Мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид го одбележа една несекојдневна сцена на која се зачудија сите што го гледаа преносот. Среќа стигна објаснување, инаку ќе беше големата. Повеќе

Гаљардини од Интер на мобилен му покажуваше за пеналот на судијата

Додека се играа две мега дерби средби во Англија меѓу Јунајтед и Ливерпул и Сити и Челси кои завршија досадно 0:0, во Италија Фиорентина и Интер одиграа луд меч со дури 6 погодоци. Повеќе

Каков ВАР уствари се користи во македонскиот фудбал?

Одиме со твитот на денот во контекст на скандалозната судиска одлука на штета на Вардар на гостувањето против Шкендија. Три дена поминаа и никому ништо за голот кој го виде цела Македонија освен судиите. Шкендија победи 1:0. Повеќе

Го видовте ли циркусот со ВАР на СПАЛ - Фиорентина и во Полска?

Во Италија на мечот од Серија А имаше досега невидено толкување на ситуации за ВАР. А слична приказна и во Полска на дербито Легија - Краковија каде играч доби втор жолт, па му го избришаа и му дадоа директен црвен. Повеќе

Уште два многу спорни поништени голови на Ајакс

Ако синоќешниот поништен гол на Ајакс е контроверзен и денес излегоа различни ставови, пазете го вие ова во 2011-та. Две многу тешки ситуации на мечот Ајакс - Реал, печени за ВАР. На вториот се гледа дека раката малце му штрчи, а според правилата таа не влегува во офсајд бидејќи не смееш со неа да дадеш гол. Ништо чудно и двата гола да се регуларни. Повеќе

Што мислите за првиот гол поништен со ВАР во Лига на шампиони?

Уште на втората осминафинална вечер во Лига на шампиони каде за првпат во историјата почна да се користи ВАР системот, имаше спорен момент. Повеќе

За ваков ВАР ли се боревте?

Сè е тоа убаво што ФИФА и УЕФА сакаат фудбалот со помош на сите модерни технологии да оди напред, ама кога нешто ќе имплементираш, треба да знаеш и да го применуваш. Судииве во Португалија не гледаат добро или не сакаат да гледаат нешто што сите добро го гледаме. Игра со рака и нема пенал ниту по прегледот на ВАР. Срамотилаци. Повеќе

Се радуваат против Реал или си честитаат?

По поразот од Реал Сосиедад на домашен терен 0:2, Кралевите се разочарани од судијата Мунуера Монтеро и тврдат дека не им свирнал два чисти пенали. Контроверзите ги продолжија со видео кое го објавија на својот клупски канал, на кое тврдат дека истиот судија ги прославувал головите кои Реал ги прими од Еибар (пораз од 3:0 на 24 ноември).  Повеќе

Како тоа топката влезе во гол, а ВАР вика не е гол?

Ја имаме дилемата на колото. Ама малку е на колото, туку на сезоната. Можно ли е видео технологијата да киксне или 99.99% сепак не се 100% и тоа е тоа, нема простор за дилеми? Повеќе