Трето коло група Б:
ШПАНИЈА - МАРОКО 2:2 (1:1)
/Иниеста 19’, Аспас 90+3’ - Бутаиб 14’, Ен Несири 81’/
ИРАН - ПОРТУГАЛИЈА 1:1 (0:1)
/Ансарифард 90+3’ - Кварежма 45’/
Неверојатна вечер на Мундијалот.
Иран долго ќе жали за шансата на Мехди Тареми кој во последните секунди од мечот промаши зицер за победа и историски триумф понатаму.
Португалија со пет бодови се пласираше во следната фаза а поради полоша гол-разлика заврши второпласирана и ќе оди на Уругвај во осминафиналето.
По отворен фудбал на двете страни немаше сериозни шанси до 45’ минута кога Рикардо Кварежма во својствен стил со надворешен фелш го даде најубавиот гол во досегашниот тек од Светското за 0-1:
Португалија како и на претходниот меч против Мароко не играше добро ниту на отворањето на вториот дел, но Кристијано Роналдо во 50’ минута изнуди пенал (со проверка на ВАР) и имаше шанса да го стигне Хари Кејн на првото место на листа на стрелци. Но голманот на Иран Беираванд му го одбрани пеналот:
Од тој момент на теренот имаше повеќе нервоза отколку фудбал а ВАР во 81’ минута уште еднаш беше консултиран кога Роналдо и Пуралиганџи беа во дуел а играчот на Иран доби лакт во лице. Судијата ја прегледа снимката но не досуди казнен удар.
Во последните 15 минути почна драмата. ВАР по трет беше активиран за асистенција - Азмун со глава спушти една топка во шеснаесетникот а таа го закачи Седрик Соареш во рака. Иранците бараа пенал и го добија.
Нивниот најдобар играч Ансарифард израмни на 1-1:
Големо изненадување е и ремито на Шпанија против Мароко 2:2 во драматична завршница.
Иако немаа никакви шанси за пласман понатаму, Мароканците во мечот влегоа максимално мотивирано, два пати водеа против Шпанија, погодија и пречка но не прославија историска победа.
Мароко поведе во 14’ минута кога по грешката на Иниеста и Рамос Бутаиб ја зеде топката и го совлада Де Хеа:
Но на Шпанците им требаа само пет минути по примениот гол, да се соземат и да го израмнат резултатот со голот на Иско:
Во вториот дел Мароко играше сосема слободно со оглед на тоа што немаше што да изгуби и во 81’ минута студен туш ги облеа Шпанците. По нафрлувањето од корнер на Фаџа, нововлезениот Ен Несири ја надскока целата шпанска одбрана и ја заби топката со глава во голот на Де Хеа за 1-2:
И тогаш „црвената фурија“ немаше што друго освен да тргне на се или ништо. Во 91’ минута по еден скратен корнер (спорен зошто го изведоа од десна страна наместо од лева), Карвахал нафрли одлично во петерецот а таму нововлезениот од клупата Јаго Аспас со пета даде гол за 2-2. Но помошникот судија сигнализираше офсајд па голот беше поништен. По интервенција на главниот судија и консултација со ВАР, голот беше признаен и Шпанија освои драгоцен бод: