И во Шпанија одма е по друго со ВАР

Ангажманот на судиите во кабината (video assistant referee) кои ги укинаа само во Премиер лига, а во ЛШ ќе ги нема ниту сезонава, ја демострираа користа и во Ла Лига. Со ВАР се ќар и самите играчи кои поминуваат со помалку картони.

Иако е прерано за анализи и осврт за тоа што придонесе ВАР во шпанскиот фудбал, сепак претседателот на судиската комисија, Карлос Веласко е задоволен од досегашната имплементација и смета дека технологијата го постигнува она што му било ветено.
 
Ла Лига може да се пофали со ВАР по само три одиграни кола, а тоа го покажува статистиката.
На досегашните 29 натпревари во кабината биле проверени 364 судиски одлуки од кои за 10 главниот судија се повикал на ВАР. Од тие 10, судијата решил само три да прегледа лично на монитор.
 
Тоа значи дека до сега во просек се интеревенира на секои 2,9 средби, што е во согласност со меѓународниот просек. Корекции имало за 7 голови, 2 пенали и уште една судиска грешка.
 
Освен поголема регуларност во играта, со ВАР се постигнуваат и подобри (помали) бројки во однос на давањето картони. По првите три кола во Шпанија се доделени по 4,34 картони по натпревар, што е рекорд во последните 27 години. Од нив само еден е добиен за симулација.
„Првото нешто со ВАР е да се знае што одлучил судијата кој ја објаснува одлуката од негова гледна точка. Од таму се проверуваат информациите, а потоа постои можност да се провери за да се види дали објаснувањето му е одржливо. Ако е во ред, тогаш нема интервенција. Следната евалуација на употребата на ВАР ќе ја направиме во ноември“, вели шефот на судиите во Ла Лига.
 
На крајот на минатата сезона Серија А направи целосен извештај од користењето на ВАР. Расчистени биле 117 спорни судиски одлуки на 397 средби за 59 пенали, 42 гола и 16 црвени картони. Процентот на грешки со ВАР изнесувал 0,89%, а без него 5,78%.
 
Жолтите картони во споредба со претходната сезона биле намалени за 12,3%, црвените за 7,1, а симулирањето фаули за 35,3%.
 
Во Премиер лигата две третини од клубовите не ја поддржаа оваа модерна видео технологија со преглед на забавена снимка и за разлика од Шпанија, Италија, Германија и Франција таа ќе ја нема оваа сезона на островот.
 
Тие гласаа против користењето на ВАР со образложение дека не им се допаѓа комуникацијата во моментот на носење на одлуката, односно паузата за да се види спорниот момент ја сметаат за долга, а увид во неа немале навивачите.
 
Со помош на ВАР на 64 меча на Мундијалот во Русија се проверија 455 спорни моменти или во просек по 7,1 моменти по натпревар. Во 20 случаи главните судии ги потврдија своите првични одлуки, а во 17 ги сменија.
4 септември 2018 - 13:43