Нова сјајна партија на Дончиќ, со импресивни потези

Лос Анџелес Лејкерс игра маестрално од почетокот на сезоната и има 10 победи и само 2 порази. Шест триумфи по ред има тимот, а Лука Дончиќ е предводник на „езерџиите“. Синоќа имаше 32 поени, со 8 скока и 10 асистенции, му фалеа само две фатени топки за да забележи нов трипл-дабл.

Лејкерс играа без Остин Ривс но тоа не им сметаше. Претходно Лука Дончиќ недостасуваше за дуелот со Детроит Пистонс каде Лејкерс славеа а Остин Ривс тогаш уфрли 43 поени. Сега Лука го надомести отсуството на Ривс.

Кај Хокси најефикасни беа СиЏеј МекКолум со 21 поен и Никејл Александер-Вокер со 20 поени.

Лејкерс ја совладаа Атланта Хокс 124-114. Покрај Лука одлични беа уште и Вокер Кеслер со 21 поен, 10 скока и 4 асистенции, Сандро Мамулекашвили со 23 поени, 8 скока и 3 асистенции и Колин Секстон со 18 поени.

Standings provided by Sofascore

 

10 ноември 2026 - 09:12