Откако градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Маџистрис ја изненади италијанската јавност пред неколку дена со пост на Фејсбук во кој ги обвинува „вишите инстанци и фудбалската мафија“ (ден-два после поразот на Интер со играч помалку против Јувентус), вчера и тифозите на Наполи протестираа против фудбалските судии во Италија.
Пред мечот Наполи - Торино (2:2) Неаполците ги презентираа сите грешки во корист на конкурентот за скудетото - Јувентус. Капката наводно ја прелил судијата Масимилијано Ирати кој ја судел вчерашната средба Јувентус - Болоња: не го исклучил Даниеле Ругани и му признал нерегуларен гол на Сами Кедира.
Неапол уште не може да се помири дека Скудетото им избега од рака кога толку беа близу после повеќе од три децении.
Судиските грешки во корист на Јувентус според навивачите на Наполи:
26. август 2017 - 2. коло: Џенова - Јувентус 2-4 (судија Банти од Ливорно, ВАР судија Фабри) - чист пенал за Џенова по фаулот на Ругани врз Галабинов. Главниот судија одмавнува со рацете но по реакција на помошниците, решава да прегледа ВАР:
20. септември 5. коло Јувентус Фиорентина 1-0, судија Довери од Рим, ВАР судија Орсато: досуден пенал за фаул на Бадељ над Матуиди поништен подоцна по прегледување на ВАР: фаулот бил надвор од шеснаесетник:
1. октомври 7. коло: Аталанта - Јувентус 2-2 (судија Дамато од Барлета, ВАР судија Орсато): пенал за Јувентус по наводно играње со рака на Петања. Фудбалерот на Аталанта играл со рамо.
22. октомври 9. коло: Удинезе - Јувентус 2:6 (судија Довери од Рим, ВАР судија Маса): За голот на Кедира Ругани бил во офсајд и требало да го поништат плус чист пенал за Удинезе не досуден по фаулот на Алекс Сандро врз Ларсен:
09. декември 16. коло: Јувентус - Интер 0-0 (судија Валери од Рим, ВАР судија Ирати): Тежок пенал за Интер по играњето со рака на Бенатиа во својот шеснаесетник:
23. декември 18. коло: Јувентус Рома 1-0 (судија Таљавенто од Терни, ВАР судија Ирати): Непостоечки корнер за Јувентус кој му претходел на голот. Последен со топка играл Игуаин:
06. јануари 1. коло втора полусезона: Каљари - Јувентус 0-1 (судија Калварезе од Терамо, ВАР судија Банти): Недосуден чист пенал за Каљари по играње со рака на Бернардески; Во акцијата за голот на Јувентус имало фаул од Бенатија над Паволети гостите не ја исфрлаат топката во аут додека противнички играч лежи на земја:
09. февруари 5. коло од втора полусезона: Фиорентина - Јувентус 0-2 (судија Гвида од Торе Ан., ВАР судија Фабри): Досуден па поништен чист пенал по играње со рака на Киелини:
18. февруари: 6. коло: Торино - Јувентус 0-1 (судија Орсато од Скио, ВАР судија Ирати): Многу недосудени ниту санкционирани прекршоци на штета на Торино меѓу кои и фаулот на Алекс Сандро над Ансалди кој му претходеше на голот на Јувентус:
04. март 8. коло од втора полусезона: Лацио - Јувентус 0-1 (судија Банти од Ливорно, ВАР судија Ирати): Чист пенал за Лацио по фаулот на Бенатија врз Лукас Леива: