Во второто коло на групата Д во Волгоград, Нигерија оствари драгоцена победа и сега рамномерно конкурира за пласман во осминафинале за што ќе се бори со Аргентина во последното коло.
Група Д:
Нигерија - Исланд 2:0 (0:0)
/Муса 49’, 75’/
По додевното прво полувреме во кое и едната и другата селекција се натпреваруваа кој полошо ќе центрира и ќе шутира од далечина, во вториот дел Нигерија заигра подобро и заслужено постигна два гола со кои ги освои првите три бода.
Во 49’ минута по една брза транзиција, Ихеначо по корнерот на Исланд поведе брза контра, го пронајде десно Мозес кој центрираше а Муса со ефектен шут го постигна првиот гол за Нигерија на Светското.
Центарфорот на Лестер стана првиот нигериски репрезентативец кој постигнувал голови на две Светски првенства.
По примениот гол Исланд падна уште повеќе во играта а тоа „Орлите“ го искористија и во 75’ минута Муса маестрално ја измеша противничката одбрана и зголеми на високи 2:0.
„Рибарите“ во 83’ минута добија пенал по глупоста на Ебуехи кој фаулираше противнички фудбалер без никаква потреба. Судијата се повика на ВАР и досуди пенал кој го промаши Гилфи Сигурдсон и тоа значеше крај на сите надежи за Исланд.
Еве како сега изгледа групата Д:
So, Group D...
— FIFA World Cup 🏆 (@FIFAWorldCup) June 22, 2018
Final round of fixtures:#NGA vs #ARG #ISL vs #CRO #WorldCup pic.twitter.com/vtf4k3h56S
На 26. јуни во последното коло од 21 часот ќе играат Нигерија - Аргентина и Исланд - Хрватска. Хрватите веќе обезбедија пласман во следната фаза.