Најбрзиот гол на сезоната падна во Фиренца. Додека на „Олд Трафорд“ видовме дури четири замени во првиот дел поради повреди, а на „Вембли“ конфликт со најглупавиот голман во историјата, во градот на Микеланџело имаше шест гола.
Уште во 17’ секунда Џовани Симеоне му го даде на Интер најбрзиот гол сезонава во цела Европа, иако се испостави дека е автогол на Стефан де Врај:
После само пет минути, Интер израмни преку Матијас Весино на 1-1:
Следуваа погодоци на Матео Политано (прекрасен гол) во 40’ минута за 1-2 за Интер:
И Перишиќ од пенал во 52’ (секако после гледање VAR):
Фиорентина намали со страшниот гол од слободен удар на Луис Муриел во 74’ минута:
И на крај, моментот кој предизвика огромни полемики. Во 96’ минута Федерико Кјеза проба да нафрли една топка која го погоди Д’Амброзио, а судијата процени дека играл со рака и досуди пенал за домаќините.
Сигурен реализатор беше Французинот Верето кој ги постави конечните 3-3:
Играчите и стручниот штаб на Интер жестоко се бунеа кај главниот судија Абисо а Роберто Гаљардини во еден момент му пушташе видео на својот мобилен телефон: