Што мислите за првиот гол поништен со ВАР во Лига на шампиони?

Уште на втората осминафинална вечер во Лига на шампиони каде за првпат во историјата почна да се користи ВАР системот, имаше спорен момент.

На мечот Ајакс - Реал Мадрид (1:2), при резултат 0:0, бекот на домаќините Николас Таљафико му даде гол на Тибо Куртоа во 37' минута. Фудбалерите на Реал не се бунеа, а играчите на тимот од Амстердам бурно славеа.

Но луѓето од ВАР собата го посоветуваа главниот судија на мечот, Словенецот Дамир Скомина да ја прегледа ВАР снимката од голот.

Сè беше поради овој момент кој пет пати го покажаа во преносот:

Што ги заинтересирало Скомина и видео-судиите? Имало две контроверзи:

- Таљафико ги нарушил правилата поради наводен фаул над Рамос;

- Играчот на Ајакс Душан Тадиќ бил во офсајд.

Скомина околу три минути го гледаше видео-повторувањето и го поништи голот.

Официјалната причина (ја објаснија во преносот и на сајтот на УЕФА): офсајд. Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ активно од офсајд учествувал во игра и му засметал на Куртоа во петерецот.

Скомина, кој генерално добро судеше во текот на целиот меч, според некои коментари, направил привид при едниот гол на Реал Мадрид кога Васкез наводно му направи фаул на Френки Де Јонг пред очите на судијата:

Како и за уште една ситуација пред шеснаесетникот на Реал:

 

14 февруари 2019 - 00:16