По негатива од 1:0, Реал Мадрид синоќа не дозволи да му се случи Ајакс и го торпедираше Ваљадолид со 1:4, идентичен резултат со кој беше шокиран во Лига на шампиони.
Домаќините промашија пенал, а им беа поништени и два гола во прво полувреме. Судиите направија добра проценка што им ги поништија, но кога за време на преносот ја покажаа ВАР собата, внатре немаше живо пиле.
Се разбира тоа беше супер повод за на социјалните мрежи да се отворат луѓето и да почнат да зборуваат за духови.
Ситуацијата прво личеше на комична, но од Ла Лига сепак денес дадоа објаснување за да ја расчистат дилемата.
„Има повеќе ВАР простории кои се подготвуваат за ВАР системот, но камерите покажале една од оние кои не биле во функција“, изјави портпаролката Ева Турегано.