Манчестер Сити синоќа му гостуваше на Кардиф во ФА Купот. Поведоа „граѓаните“ 0-1 со голот на Де Брујне во 8’ минута, а во 26’ Бернардо Силва упати ракета од 16-ина метри и постигна неверојатен погодок. Линискиот судија крена знаменце веројатно мислејќи дека Лерој Сане од офсајд влијаел врз играта и ја допрел топката.
Речиси да нема коло во Серија А каде сите 20 екипи можат да бидат раат што се однесува до судењето. Понеделничките изданија на весниците стандардно се полнат со бројот на спорни и скандалозни судиски одлуки кои само продолжуваат и не се намалуваат.
По 5 месеци фудбал со новата технологија во новата сезона и 198 првенствени натпревари во италијанското првенство, резултатите не се баш задоволителни. Од ВАР се очекуваше поголема ефикасност која ќе го направи фудбалот потранспарентен.
ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал, се вели во еден коментар на навивач на Торино кој со право критикува, нешто кое веќе е малку да помине само со критика.
Околу 600 навивачи на Лацио синоќа го чекале главниот судија Пјеро Џакомели пред стадион за да го натепаат, но тој излегол после полноќ. Ете до толку стана или остана за никаде судењето во една популарна лига како Серија А која не ја спасуваат ниту најразно разни технологии.
Ако до ланската сезона, спортската јавност во Италија жестоко ги критикуваше судиите кога носат сомнителни одлуки, сега веројатно ќе почнат да ги критикуваат и кога ќе се служат со новата технологија бидејќи и таа не е совршена. Еден гол од средбата Наполи - Милан буди голем сомнеж.
Ни ФИФА, ни УЕФА, никој не се бореше толку упорно и долго за ВАР, како што тоа го правеше водителот на кој Берлускони лично му се јави во живо да му каже ексклузивна инфорамција за Кака.