И со помош на ВАР човек не може да биде раат

Ако до ланската сезона, спортската јавност во Италија жестоко ги критикуваше судиите кога носат сомнителни одлуки, сега веројатно ќе почнат да ги критикуваат и кога ќе се служат со новата технологија бидејќи и таа не е совршена. Еден гол од средбата Наполи - Милан буди голем сомнеж.

Новата технологија ВАР со која се очекува да се отстранат грешките на судиите, веројатно тешко дека може да ги елиминира сите сомнителни ситуации во фудбалот.
 
Последната за која се фатија во Серија А е голот со кој Наполи поведе против Милан во првото полувреме. Лоренцо Инсиње погоди за 1:0, судијата Валери се повика на ВАР и откако ја прегледа снимката, го потври водството на Наполитанците.
 
Медиумите различно ја толкуваат ситуацијата. Кориере дело Спорт тврди дека голот е регуларен.

А Спорт Медиум пишува дека голот е сомнителен и на ВАР му требаат и други камери.

Поранешниот судија Лука Марели го анализираше голот за кој не е убеден дека е регуларен. Тој смета дека ВАР не може со 100% сигурност да реши вакви ситуации каде сантиметри се во прашање.
„Линијата на офсајд се чини дека не остава сомнеж. Нозете на Ромањоли се поблизу до долната линија од нозете на Инсиње. Проблемот е што Инсиње е наведнат напред и не можеме да тврдиме со сигурност за позицијата на неговото лево рамо или главата (раката како што знаеме не се брои). Нацртаната линија на ВАР е само индикативна, но не ја зема предвид позицијата на рамото и главата. Со отсуство на ВАР ќе дискутиравме со часови за позицијата на Инсиње, но и со неговото присуство ќе продолжиме со дискусии. Значи за да се оцени ваква ситуација не е доволно само линијата, бидејќи не знаеме која е вистинската позиција на напаѓачот на Наполи. Да споменеме уште еден важен аспект. Оваа технологија е дводимензионална и за вакви спорни ситуации од клучно значеше ќе биде да се развие во тродимензионална за да се елиминираат сомнежите во реално време“, смета поранешниот италијански арбитар.

 Голот на Инсиње на 1:15

21 ноември 2017 - 16:09