Јувентус го доби градското дерби со 2:0 и обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија, но фудбалската игра повторно падна во сенка на нов скандал во италијанскиот фудбал број 856320385.
Решивме да се пошегуваме малку со бројката бидејќи судиските одлуки со помош на ВАР навистина само дополнително го валкаат фудбалот во Италија. Немаме намера да фаќаме страна и да судиме кој најмногу е оштетен, а во чија полза најмногу се суди, туку само ќе пренесеме факти кои се очигледни.
Проблемот со користењето на ВАР крева тензија во италијанската спортска јавност поради две работи: Изборот во која ситуација да се користи и погрешното толкување на спорна ситуација која потоа ја прегледуваат на екран.
Ова второто претставува поголем и несфатлив проблем затоа што спорниот момент го имаат на тацна во забавена снимка и нелогично е да го видат, а да не го досудат како што е.
Целата тензија на синоќешниот четвртфинален меч се крена за вториот гол на Јуве бидејќи во истата акција имаше очигледен прекршок на Кедира врз Аква, кој го признаваат и навивачи на Јуве.
„Како навивач на Јувентус, ќе кажам без проблем дека фаул врз Аква имаше и беше голем како куќа“, пишува навивачот.
„Целосно се согласувам. И јас сум јувентун, но пред сè сум за спортска правда“.
concordo pienamente. Juventino anch’io ma sportivo prima di ogni altra cosa.
— Daniele Mento (@DanieleMento) January 3, 2018
„ВАР го уништува тоа малку од убаво што остана во нашиот фудбал“.
La #VAR sta rovinando quel poco di bello che era rimasto del nostro calcio...che amarezza! #JuventusTorino
— Cristiano Peconi (@cristianopeconi) January 3, 2018
„Колку судии ќе купат на зимскиот пазар?“’
Quanti arbitri compreranno questo mercato invernale? #DerbyDellaMole #JuventusTorino
— Pumacardilla Ukelelista Está Muerto (@Pumacaveri) January 3, 2018
Фудбалерите на Торино бараа прекршок, но судијата го призна голот на Манџукиќ кој падна во истата акција и не го поништи и откако се повика на ВАР. Михајловиќ урлаше од нервоза и доби исклучување.
Газета дело Спорт пишува дека во 1 часот по полноќ Михајловиќ добил телефонски повик од спортскиот директор на Торино за да му соопшти дека клубот донел одлука да го отпушти.
Но едногодишната авантура на српскиот стратег во Торино веројатно не завршува поради овој пораз, знаејќи ја силината на противникот и фактот што Михајловиќ имаше пет повредени играчи меѓу кои водечките Балоти и Љаиќ.
Раководството на клубот не е задоволно од резултатите на Торино оваа сезона кој е 10-ти на табела со 10 нерешени средби по 19 кола. Торино киксна со послаби противници. Одигра нерешено со Верона и Спал по водство од 2:0, а со по еден бод помина и со Кротоне и Џенова.
Фаулот на Кедира
#Mandzukic raddoppia per la #Juve. L’arbitro doveri consulta il #Var e convalida il gol! #JuveTorino 2-0 #TIMCup pic.twitter.com/KmgFMIRWvs
— Alessia N⚽️velli (@Alessia_Nov) January 3, 2018
Реакцијата на Синиша
Штета што не почнавме на почеток на сезонава да ги собираме сите спорни ситуации со помош на ВАР. До сега сме објавиле за: