Што ќе се прави со судииве?

Да ја браниш тезата на некои поединци дека судиските грешки се составен дел од фудбалот, не оди, губење бодови се во прашање. Да не воведеш ВАР е водење инат, ама и да го имаш треба исправно да го користиш нели?

Барем во три силни првенства викендов начекавме апла видливи грешки на судиите кои со вакви одлуки сериозно влијаат врз конечните резултати во фудбалот.
 
Првата ситуација е срамна и ретко видлива, а со покажа како клучна на мечот Валенсија - Барселона конечни 1:1, кои се разделени 4 бода на првата и втората позиција на табелата.

Меси го совлада Нето и топката пола метро беше влезена во гол, но никој од судиите не го виде тоа или може се направи дека не го виде. Во шпанското првенство не воведоа ВАР со образложение дека им било скапо.
 
Насловните страници грмат во Шпанија.

Во втората ситуација помогна ВАР, ама одмогна судијата кој во 93-та минута се повика на видео технологијата и свирна пенал за Фиорентина на мечот против Лацио. Одлуката беше многу сомнителна, а на терен се симна и спортскиот директор на Лацио, Игли Таре кој бараше правда.

Стратегот на домаќините по мечот изјави:

„Да досудиш таков пенал, кој и да го прегледаш 20 пати нема да сфатиш зошто е досуден е нешто што остава горчина во устата. Каиседо е во предност и Пазела ја крева ногата напред. Нема никаков фаул тука. И да го имаше, во прво полувреме ВАР не беше усвоен кога имаше контакт врз Пароло. Јасно е дека ВАР треба уште да напредува“, рече Инѕаги.
Само во третиот случај грешката на судијата не влијаеше врз резултатот бидејќи беше оштетена Бенфика која ја декласираше Виторија де Сетубал со 6:0. Но и покрај тоа, ова е аматерски потег пред сè на линискиот судија.
 
 

На дуелот Реал Мадрид - Малага, домашните навивачи протестираа против судиите и им доделија црвен картон.

27 ноември 2017 - 12:04