Алдо Бискарди го дочека новото револуционерно правило во фудбалот, ВАР и почина на 86 години. Се работи за легендарниот италијански водител познат по големата битка за воведува видео технологија во фудбалот.
Немаше тв емисија од 1980-та година па до скоро да не каже во живо дека на фудбалот под итно му нова воведување на забавена снимка, за да им се олесни работата на судиите и да се намалат грешките во фудбалот кои во Италија се топ тема по секое коло.
Бискарди има изгледано 15 Мундијали и со 33 телевизиски емисии под името „Процесот на Бискарди“ оствари личен светски рекорд кој беше признаен и од Гинис.
„Многу ми е жал за смртта на Алдо Бискарди. Беше голем човек, новинар со огромно познавање на фудбалот кој го носеше во срце. Сочуство со фамилијата“, напиша Марадона на Фејсбук.
За Бискарди беше познато дека е близок пријател со Берлускони, но и со Моџи кој му се јавувал на телефон да му сугерира кои спорни ситуации на одредени натпревари смее да ги пропагира во неговата емисија.
Токму ради тоа и го суспендираа 6 месеци од екраните, откако го фатија во телефонски разговори со поранешниот директор на Јувентус. Во еден од разговорите Лучано Моџи му нуди на Бискарди часовник во вредност од 20.000 евра.
Во јануари 2009-та се шпекурираше дека Кака го напушта Милан и заминува во Манчестер Сити, но Силвио Беркускони му се јави во емисија за да му каже дека останува.