Ни ФИФА, ни УЕФА, никој не се бореше толку упорно и долго за ВАР, како што тоа го правеше водителот на кој Берлускони лично му се јави во живо да му каже ексклузивна инфорамција за Кака.
По 112 години постоење, ФИФА годинава конечно им ја олесни работата на судиите кои немаат око соколово и кога нема да видат чист пенал или ќе го досудат по грешка, страдаат и тие и нивните мајки. Најголеми битки за да им се помогне водеше новинарот кој има изгледано 15 Мундијали.