Откако италијанските судии се изнамачија (или можеби во некои ситуации е тоа намерно) да донесат точни одлуки и со помош на ВАР, во Англија дури сега го сефтосаа модерното помагало од кое се очекува помош за што поголема регуларност во фудбалот.
Во 78-ма минута од синоќешниот меч во ФА Купот, Нигериецот Келечи Ихеаначо постигна гол за водство од 2:0 на Лестер, но линискиот го крена знаменцето, мислејќи дека при асистирањето на Марез има офсајд.
Главниот судија на мечот постапи правило и се повика на ВАР, а таму јасно се гледа дека тоа е тешка, но погрешна проценка на линискиот судија, бидејќи се работи за сантиметри.
VAR gives Iheanacho and #LCFC their 2nd as the disallowed goal is overturned #LEIFLE pic.twitter.com/Y9NufeDJQo
— Jonah Takalua (@Destaquito2) January 16, 2018
Нека им е со среќа на Англичаните со користењето на видео технологијата. На Италијаните не им оди толку добро како што се очекуваше. За сега ефикасноста им изнесува 66%.