Наместо харизматичното водење на Џани Инфантино кој во меѓувреме стана прв човек на ФИФА, ждрепката ја водеше Џорџо Маркети, шефот за натпреварувања под УЕФА. Му помагаше Александар Фрај, легендарниот швајцарски репрезентативец и фудбалер на Базел градот кој ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа на 18. мај. на стадионот Сент Јакобс.
БРАГА - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК
ВИЉАРЕАЛ - СПАРТА ПРАГА
АТЛЕТИК БИЛБАО - СЕВИЉА
Б. ДОРТМУНД - ЛИВЕРПУЛ
ВИЉАРЕАЛ - СПАРТА ПРАГА
АТЛЕТИК БИЛБАО - СЕВИЉА
Б. ДОРТМУНД - ЛИВЕРПУЛ
Првите натпревари ќе се одиграат на 7. април а реваншите се недела дена подоцна, на 14. април.
- Севиља е бранител на трофејот во Лига Европа. Минатата сезона Андалузијците по рекорден четврти пат го освоија ова натпрварување.
- Ливерпул сезонава нема пораз на 10 европски средби. Црвените имаат 4 победи и 6 нерешени средби.
- Дортмунд победи на седум од последните 10 европски мечеви. Германскиот тим во својата историја два пати играл во финалето на тогашниот Куп на УЕФА и два пати загуби, во ’93-та против Јувентус и во 2002-ра против Феенорд во Ротердам.
- По загубеното финале на Лига Европа во 2011-та од Поррто, Брага првпат игра во елиминациона фаза од ова натпрварување.
- Атлетик Билбао е најефикасен тим од оние кои преостанаа во ЛЕ. 20 голови на 10 меча од почетокот на групната фаза досега. Ова е нивно прво четвртфинале после поразот во финалето од Атлетико Мадрид во 2012 во Букурешт.
- Најдобрите сезони на Виљареал во ЛЕ трае до полуфиналето, во 2003/2004 беа елиминирани од Валенсија, а во 2010/2011 од Порто. Жолтата Подморница сезонава елиминираше неколку големи екипи како Наполи и Баер Леверкузен.
- Спарта Прага последен пат играла во четвртфинале на Купот на УЕФА во сезоната 1983/1984. Спарта загуби тогаш од Хајдук Сплит. Ниту една чешка екипа никогаш не играла финале на едно големо клупско натпреварување на УЕФА.