Атлетико Мадрид, Шпанија (стадион „Ванда Метрополитано“)
Атлетико Мадрид веќе го одигра рошталниот меч на „Висенте Калдерон“. Навивачите се збогуваа со својот фудбалски храм кој заминува во историјата и на чие место ќе се гради Паркот на Атлетико.
Новиот стадион „Ванда Метрополитано“ собира 68.000 гледачи и веќе е готов па ’Јорганџиите’ таму ќе ги играат своите домашни натпревари. Изградбата на овој стадион чинела 240 милиони евра, а веќе се продадени 49.000 сезонски билети пред стартот на новата сезона.
Оран, Алжир (стадион „Абделкадер Фреха“)
Проектот за повеќе-функционалниот фудбалски стадион во предградието на Орана, Белгаиде се појавил уште на крајот од 2006-та. Почетокот на изградбата започнал три ипол години подоцна, а во 2015-та зданието било речиси готово.
Церемонијата на свеченото отворање е закажана за ноември годинава, а изградбата чинела 142 милиони долари.
За седум години како е почната изградбата проектот значително се менувал па така наместо првичниот капацитет од 75.000 е намален на 40.000. Стадионот ќе го носи името на алжирската фудбалска легенда Абделкадер Фрех кој играл од 1962-ра до 1976-та.
Акхишар Беледие, Турција (стадион „Акхишар“)
Од сезоната 2017/2018, Акхишар веќе нема со Манисаспор да го дели стариот стадион „19 мај“ и ќе премина на помал (11.431 седишта), но далеку помодерен и покомотен стадион наречен по името на клубот Акхишар.
Персиба, Индонезија (стадион „Баликпапан“)
Стадионот за 40.000 седишта во Баликпапан, Индонезија, почнале да го издигнуваат уште во 2011-та година. Датумот на завршување на работите на е објавен, но објавиле дека церемонијата на отворање ќе биде во август. На првиот меч клубот го поканил Манчестер Јунајтед, но тешко е за верување дека англискиот гигант ќе прифати пред почетокот на сезоната.
УСМ Ел-Хараш и Хусеин Деи, Алжир (стадион „Бараки“/ „Абделхамид Кермали“)
Раскошната арена чија изградба ја финансирало министерството за млади и спорт на Алжир ќе биде по примерот на „Сан Сиро“ затоа што на него ќе играат два клуба од ист град, но и репрезентацијата на Алжир.
Овој стадион ќе стане првиот во историјата на Алжир којшто ќе ги исполнува комплетно сите услови на ФИФА. Изградбата чинела 280 милиони долари, а ќе се отвори свечено во ноември годинава после 8 години изградба.
Атланта Јунајтед, САД (стадион „Мерцедес Арена“)
Новиот суперстадион во САД ќе биде откриен на 30. јули. На него ќе се игра американски фудбал и сокер. Максималниот капацитет на арената е 71.000 гледачи. Фудбалскиот клуб Атланта Јунајтед во просек има по 40.000 гледачи од натпревари.
Неверојатна новост на стадионот ќе биде покривот, составен од 8 лепези кои може да се затворат во рок од 8 минути при дожд.
Клуб Амед, Турција (стадион „Дијарбакир“)
Турскиот второлигаш Амед (некогашен Дијарбакир) годинава ќе заигра на современа 33-илјадна арена со ултра модерни трговски центри и катни гаражи.
Клуб Фулад, Иран („Фулад Арена“)
Стадионот во градот Ахваза ќе собира 27.000 гледачи за фудбал и околу 30.000 за други настани. Арената е изградена по најсовремена технологија, на пример ќе има сончеви колектори за обезбедување електрична енергија.
Освен фудбалски терен, околу стадионот е изграден и тренинг центар, сала за футсал, сала за одбојка и кошарка, два базена и болница. Изградбата чинела 40 милиони долари а инвеститор е иранската влада. Откритието на овој стадион ќе биде сосема скоро.
Коџаелиспор, Турција („Измир Стадион“)
На почетокот на мај изведувачите соопштија: 33-илјадниот стадион во Измит е 98% готов. За изградбата на арената која започнала пред 4 години потрошени се 40 милиони евра. Скоро на овој велелепен стадион ќе игра третолигаш.
Слован Братислава, Словачка („Нова национална арена“)
Најновиот стадион во Словачка ќе ги прими првите гледачи во декември 2017-та година. Освен трофејниот клуб во оваа земја, Слован Братислава, на новата арена ќе игра и репрезентацијата на Словачка. Изградбата чинела 72 милиони долари, започнала во 2009. година на местото на стариот стадион „Техелне поле“. Ќе има подземен паркинг и трговски центар. Финансирањето го покриваат неколку страни меѓу кој е и клубот Слован Братислава.
Ростов, Русија („Ростов Арена“)
Новиот дом на фудбалскиот клуб Ростов ќе се отвори на 1. ноември 2017-та. Стадионот собира 45.000 гледачи и чинел 20 милијарди рубли којшто ги покрил федералниот буџет и буџетот на Ростовската област.
За очекување е дека овој стадион ќе биде дел од Мундијалот 2018 во Русија.
Кабили, Алжир (стадион „Абделкадер Халеф“)Уште едно модерно фудбалско здание во Алжир ќе се отвори за некој месец (ноември). Сумата на изградбата изнесувала 350 милиони евра севкупно со целата инфраструктура околу арената.
На овој стадион ќе игра фудбалскиот клуб Кабили.
Самсунспор, Турција („Самсун Стадион“)
Првичната проценка за изградба на новата арена за турскиот клуб Самсунспор била 600 дена, но подоцна се одложила за уште некое време поради изградба на припратни објекти.
Првите гледачи во новата сезона Самсун ќе ги прими во август, точно 4 години од почетокот на изградбата. Стадионот собира 33.919 гледачи.
Нижни Новгород, Русија (стадион „Нижни Новгород“)
Фудбалскиот клуб Олимпиец од Русија од следната сезона ќе биде прволигаш а ќе може да се пофали и со ултра-модерна арена која собира 45.000 гледачи. Ги чинела 18 милијарди руски рубли.
Валеренга, Норвешка (стадион „Валеренга“)
Новиот стадион на норвешкиот прволигаш почнал да се гради во август 2015-та а веќе во септември годинава таму ќе се играат официјални фудбалски натпревари. Капацитетот на оваа мини арена е 18.000 гледачи.