Редоследот на настаните ќе го почнеме со селекторот на Индонезија Индра Сјафри, кој на 2:1 се радуваше дека е крај и дека трофејот е нивни. И со право, со оглед на тоа што се играше 9-та минута од судиското продолжение, а беа доделени 7. Ама друго било работата. Погледнете.
30 минути подоцна нов голем пресврт.
Анан Јодсангвал е стрелецот на голот на Тајланд за 2:2, ама во судиското продолжение гостите сепак примија три парчиња и го загубија финалето.
Се работи за игрите во Југоистотчна Азија кои се одржаа во Камбоџа и кои Индонезија ги добива за прв пат после 1991-ва.
Поради групна тепачка во два наврати, во хаотичното финале беа исклучени четворица играчи и двајца тренери. Поразениот Тајланд го заврши мечот со 8 играчи.
Селекторот на Индонезија на крај изјавил дека си простиле и се прегрнале, а Азиската фудбалска федерација соопшти дека е разочарана од настаните и дека ќе спроведе истрага.
7 goals, 16 yellow cards, 6 red cards ✨ pic.twitter.com/tpArtrcAKQ
— .rei (@ureidam) May 16, 2023