Легендарниот Марио Жардел кој поминал низ канџите на кокаинот и алкохолот

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Кога ќе кажеш Марио Жардел првата помисла е најчиста форма на гол. Бразилецот кој беше ладен на изглед, а како дете во себе, имаше само една опсесија: да дава безброј голови. 

За носталгичните навивачи тој е симбол на едно убаво време на крајот од '90-те и почеток на 2000-те години. Човекот кој го исфрли Милан во Лига на шампиони и кој растураше за Галатасарај во Лига на шампиони, имал само еден сон: да заигра на Светско првенство. Но никогаш не го оствари.

„Дури ден-денес не можам да си објаснам зошто Сколари (тогашниот селектор на силниот Бразил) не ме повика за Бразил во 2002-ра. Јас бев меѓу петте најдобри центарфори на свет. Од тој момент животот ми беше готов: алкохол, депресија, кокаин... За малку и ќе умрев од предозираност“, вели СуперМарио Жардел кој од 96-та до 2002-ра играше во осум различни земји.

Денес е смирен човек кој благодарение на сопругата Сандра го нашол својот спокој.

Во јануари 2004-та година најпознатиот светски менаџер Жорже Мендеш го доведе во легендарната италијанска Анкона која во тој период постави светски рекорд со 46 регистрирани фудбалери во моментот. Но само некој месец подоцна овој клуб во кој почнуваше и нашиот Горан Пандев, згасна поради банкрот.

На свои 53 години Жардел сега живее во Форталеза, во Бразил, работи како претприемач а дел од семејството му е во Болоња.

Марио во што инвестираш?

„Во простор, во продавници. Во Форталеза пазарот со недвижнини е многу популарен и тоа е добар начин да се направат пари. Во моето слободно време уживам на сонце на плажа, иако ми недостига Италија“.

Дали имаш врски со Италија?

„Имам двајца чичковци кои живеат во Италија 20-ина година. Таму е одлична и климата и храната, вау! Кога бев во Анкона јадев додека не попаднам“.

За жал заврши во фамозната Анкона во 2003/2004, еден од најлошите тимови во историјата на Серија А со 13 поени од 34 натпревари. Какво искуство беше тоа?

„Имам само лоши спомени. Во шест месеци не добив плата а едвај одиграв три натпревари. Екипата беше преполнета со играчи, слабо се трчаше и на крај на таа година банкротираше. Бев добар со Сонети и Галеоне а помалку со навивачите3.

Зошто?

„Имав 31 година, бев претежок и некој ме нарече: 'Лардел'. Веројатно зошто открија дека по грешка сум аплаудирал против Перуџа кај спротивната тирбина, а ги имавме истите бои со нив. Некои навивачи се навредија од таа постапка“.

Кој те донесе во Италија?

„Жорже Мендеш. Тој не беше мој агент, но драг пријател. Имаше контакти во Италија, им го кажа моето име на некои агенти и некако ме донесоа во Анкона. Барав клуб каде можам да играв стандардно и да се опоравам по кошмарот што го пропуштив Светското првенство 2002, но ментално никогаш не се опоравив“.

Дај кажи повеќе за тоа. Зошто Сколари не те викна на тоа Светско?

„И јас се прашувам уште ден-денес. Никој никогаш не ми доби објаснување. Меѓу доцните '90-ти години и раните 2000-те јас бев меѓу петте најдобри напаѓачи на свет: во Порто дадов 168 гола на 175 натпревари за четири години, а сезоната пред Светското првенство во Кореа и Јапонија постигнав 55 гола на 42 натпревари во Спортинг Лисабон и ја освоив мојата втора Златна копачка за најдобар стрелец. Сфатив дека Бразил имаше тим составен од феномени, но заслужив повик“.

Како тоа разочарување се одрази на твојот живот?

„Паднав во депресија и почнав многу да пијам. Да играм на Светско првенство беше сон за мене. Мојата прва жена ме остави и имавме проблеми околу тоа со кого ќе одат децата. Чуствував како да се ми бега од рака, но најлошото уште не беше дојдено“....

Кое?

„Во летото 2003-та пробав кокаин. Бев на одмор и знаев дека можам да го земам тој период зошто тогаш нема анти-допинг контроли. Ми се допадна: ме направи жив и надвор од депресија. Еднаш бев буден цела недела! Тогаш имав предозираност, за малку ќе умрев. Пријателот што беше со мене ми го спаси животот. Тогаш го допрев дното....“

12 ноември 2026 - 13:26