Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча

Лука Дончиќ стана првиот играч во НБА историјата кој ја отворил сезоната со два натпревари по ред од 40+ поени, 10+ скока и 5+ асистенции. Влезе во друштво на само четворица кои успеале да постигнат 40+ поени во првите два меча од сезоната. Другите се Ентони Дејвис (2016-17), Мајкл Џордан (1986-87) и Вилт Чемберлен (1961-62; 1962-63).

После скорот од 43 поени, 12 скока, 9 асистенции против Голден Стејт, Словенецот постигна 49 поени, 11 скока и 8 асистенции, за победа на Лејкерски против Минесота од 128-110.

Лука Дончиќ ја отвори сезоната како Коби Брајант на времето

 

 

26 октомври 2025 - 08:12