Дончиќ феноменален со 39 поени и 10 скока, недоволно за полуфинале

Словенија не успеа да го сруши светскиот првак во последното четвртфинале на Евробаскетот.

Селекцијата на Германија е последниот полуфиналист на ЕП, откако со 99:91 ја совлада Словенија и закажа пресметка против Финска, вредна пласман во финале.

Германците беа фаворити, но беа во подредена улога три четвртини. Словенците се разиграа и ја добија првата четвртина со 32:21, а на полувреме имаа 51:45.

Шутерски беа доста расположени, а највисоката предност им беше +13.

Првиот проблем им се јави на стартот од третата четвртина кога Лука Дончиќ ја доби четвртата лична грешка, по што мораше да биде внимателен.

Германците тоа го искористија и го решија противникот во последната четвртина со 29:17 после 30 минути негатива.

Дончиќ извади максимум со 39 поени, 10 скока и 7 асистенции, а кај Германците најпрецизни беа Вагнер со 23 поени и Шрудер со 20.

Полуфиналињата се во петок: Германија - Финска од 16:00, а Грција - Турција од 20:00 часот.

11 септември 2025 - 07:46