Трипл-дабл на Дончиќ за историја, игра во врвен ритам

43 поени против Голден Стејт, 49 против Минесота, кратка пауза поради повреди на прстите и ногата, па 44 поени над Мемфис и ноќеска трипл-дабл со Мајами.

Лејкерсите ги добија Мајами Хит со 130-120 на домашен терен. Лука Дончиќ заврши како прв стрелец во тимот со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции. 

Во елемент беа и Остин Ривс со 26 поени, 11 асистенции и 4 скока во натпреварот, како и Џејк ЛаРавија со 25 поени, 8 скока и 3 асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс сега има скор од 5-2, а Мајами 3-3.

Дончиќ ја започна новата сезона со импресивно темпо кое пишува историја. 

За време на преносот од натпреварот, се појави графика која откри дека со овој настап, Дончиќ ги надминал легендите како Џери Вест, Коби Брајант и Елгин Бејлор, со што станал нов рекордер по бројот на поени во првите четири натпревари од сезоната.

Има вкупно 165 поени, ефикасност која не се случила во НБА во последниве 62 години. Само Вилт Чемберлен имал таков старт во 1962-ра.

3 ноември 2025 - 07:59