Шоу во ЛА: Дончиќ погоди од паркинг, дебитантот Кеслер со подвиг како Шек

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Лејкерски го одиграа првиот меч без Леброн Џејмс за првпат после 9 години. Ветеранот замина во Филаделфија, а со тоа се отвори целосно простор за Лука Дончиќ.

Словенечниот ас го водеше својот тим кон триумф со 28 поени, 8 скока и 7 асистенции и покрај тоа што се соочуваше со чести провокации и дофрлувања од Јаксел Лендеборг.

Дебитантот на гостите не успеа да го извади од колосек Дончиќ, туку напротив го разбуди ѕверот во него. Тој во свој стил, со звукот на сирената пред крајот на првиот дел, даде луда тројка од пола терен.

За одбележување на мечот е и фантастичниот деби настап на Вокер Кеслер, кој пристигна од Јута Џез на барање токму на Дончиќ.

25 годишниот центар експлодираше со 10 забивања, нешто што на никого не му успеало во Лејкерски после Шекил О`нил во 2003-та. Кеслер имаше ноќ за паметење со 26 скока, 12/12 од поле и 9 скока.

Трет најдобар стрелец во победничкиот тим беше Остин Ривс со 23 поени. Кај Голден Стејт, најпрецизен беше Стеф Кари со 23 поени, но гостите имаа очаен шут од поле 23/70. 

22 октомври 2026 - 09:58