Лука е незапирлив, трет меч по ред со 40+

Постигна 43 поени против Голден Стејт, па 49 против Минесота. Паузираше два меча поради повреда и еве го синоќа повторно во елемент, со бројки кои го сместуваат во друштво на Чемберлен и Џордан.

Лејкерси ги добија Гризлис со 117-112 во Мемфис и со тоа го подобрија скорот на 4-2.

Нова, неверојатна партија на Лука Дончиќ со 44 поени, 12 скока и 6 асистенции. Остин Ривс го заврши мечот со 21 поен, 4 скока и 4 асистенции.

Словенецот стана само трет играч во историјата со најмалку 125 поени после првите три настапи во една сезона. Последен пат тоа го сторил Мајкл Џордан пред 39 години.

Вилт успеал во тоа три пати (1961/62, 1962/63, 1965/66). Лука е првиот од сезоната 1986/87 што го направил тоа. Само што, Џордан немал три натпревари по ред од 40+ како Дончиќ, а Вилт му успеало тоа два пати.

Историски старт на Дончиќ со 93 поени, 23 скока и 17 асистенции на два меча 

1 ноември 2025 - 08:10