Ако како новинар на гостувања почесто ја следите репрезентацијата на Хрватска отколку Динамо, лесно ќе забележите навивачка разлика, пишува Дражен Антолиќ новинарот на Јутарњи.хр кој бил во Сандерленд на гостувањето на Динамо Загреб во овој англиски град во рамки на 4. коло од Лига Европа.
Ватрените ги следи во просек свита побогати луѓе, поопуштени, во најголем дел во дресови, спремни на фотографирање, па и да запеат за некое добро видео дури и кога песната не е примарно на репертоар.
Да, и на Динамо одат некои исти навивачи, но „културата“ е поинаква.

Додека на натпреварите на репрезентација убедливо мнозинство држат оние кои сакаат да ги бодрат Ватрените, но ништо помалку и да се проведат, да се забавуваат, да имаат добра вечера и уште подобар ноќен провод што може да се опише и како миље на навивачи-туристи и хедонисти, притоа многумина не штедат и бираат елитни локации што повторно го очекуваме следната недела во Лондон (Англија - Хрватска), во Сандерленд ништо не е исто.
Има многу Хрвати по градот, најавите велеа дека на трибините на „Стадионот на светлината“ ќе има до две илјади навивачи на Динамо, но во споредба со просечниот навивач на репрезентацијата оние на Динамо доаѓаат со помал буџет, и тоа не само БББ кои припаѓаат на ултрас сцената и се многу млади па мора да се одрекнат од нешто како би биле на трибината на Динамо во странство, туку тоа, со уште некој исклучок важи и за постарите.
Само да слушнете какви комбинации правеле за да стигнат до северот на Англија со цел сметката да биде помала.

Во еден од пабовите сретнавме деветмина, ги замоливме за фотографија, одбиени бевме во прва секунда без шанса за пресврт, па така исто и повеќе пати на повеќе места. Зошто се плашат од камера?
Затоа што на Динамовата трибина знае да има инциденти и подоцна постапување на полицијата и многумина не сакаат да покажат дека се овде? Или?
„Ма не тоа, отидов, а на боледување сум“, ни рече еден.
„Цурата не знае дека сум овде“, додава друг и така по ред, секој има свои изговори зошто му е попаметно да остане во анонимност.
ОК, но тоа толку многу се разликува од натпреварите на Хрватска која ја следат многу Инстаграм навивачи кои едвај чекаат да се појават пред камера или фотоапарат.
„Пишете овде, нè преварија Англичаните, пред саат време ни го откажаа сместувањето. Велат дека им протекол плин и ни понудија заменски друг на два часа возење од тука“, се пожалиле момците од кои некои беа во блузони кои носат ознаки БББ. Би се рекло постари Бојси.
Барале што понатаму, нашле хотел за 594 евра за нив деветмина, но им било премногу, што на навивачите кои ја следат репрезенацијата не би им било проблем да го платат.
Како прва опција ставија на маса дека воопшто нема да спијат туку со ноќен автобус ќе отидат до Манчестер од каде имаат авион па малку во автобус, во тие 4,5 часа да дремнат. Тоа е прав навивачки живот, low-budget акции, одиш во Сандерленд на Динамо за пар евра и без спирење.

Секако, сретнавме и некои што се сместиле во добри хотели, таквите беа спремни и да позираат за камерата, а уште нешто е приметно, а воедно и логично, на Динамо поприсутно е кајкавски нагласок отколку на репрезентација. Дефинитивно.
Иако видовме друкери на Модрите од разни краишта, така и екипата од Дубровник која ја сретнавме во Чарлинс пабот.
Полицијата цел ден кружеше по градот, но релативно дискретно, истото го правеа и продавачите на сувенири, од шалови па натаму, при што на врвот е оној посветен на натпреварот Сандерленд - Динамо Загреб.

По локалните медиуми доста се „шушкаше“ како БББ се злочести дечки, дека имаат описно име, па моежби и поради тоа на некои им е откажан смештајот? Можеби...
Правилата на УЕФА не се добри и треба да се менуваат. Видливо е дека има малку господа-навивачи, иако во Англија овојпат дури и постара екипа од вообичаеното, УЕФА би требало на гостинскиот клуб да му осигура повеќе места на главната трибина, по правило на западната, зошто едно се Бојси, а друго родители кои во Англија дошле со деца да го видат северот на Европа и да ги бодрат модрите или мажи кои избегале со љубовницата.
Или жени со љубовникот.
Некако им се не оди на трибината со Бојси. Затоа почесто ги бираат натпреварите кога игра Хрватска.
Сандерленд има во центарот бројни пабови, во ниту еден не влеговме а да не сретневме некој наш, меѓутоа многу ретко кој имаше дрес на Динамо, па дури и блуза, тренерка, а речиси сите беа мажи.
Полицијата сакала навивачите на хрватскиот првак да се соберат од 13 часот на едно место, но тие преферирале да се движат во помали групи по разни локации.

Многу БББ по доаѓањето во Велика Британија беа во Лондон, Њукасл, Единбург, Манчестер.... па дури на денот на натпреварот стигнаа во Сандерленд, но пабот Ветерспунс сеедно гореше од навивачки песни зошто една екипа на БББ дошла да се натпреварува во паб квиз. Добри беа, им избега првото место, но се држеа високо иако прашањата беа прилагодени на англиското миље, а со тек на време запеаа и за саканиот клуб. Никој не се бунеше.
Англичаните овде се „опичени“ како и секаде. Ако доаѓате од Хрватска во зимски капут и со капа на глава чудно е во еден после полноќ да се видат млади како „голи“ доѓаат во ноќен клуб. Мажите само во раскопчани кошули, а тек девојките.... Како да е шпиц сред лето. Но така прават Англичаните, девојките носат штикли во раце и боси влегуваат.

Како пабовите се место на главни собири и една пивска забелешка - ако ги исклучиме сјајните ирски пива, во Сандерленд апсолутно доминираат шпанските. Во два дена се почастивме со повеќе отколку да бевме во некои шпански ресторани - Мадри, Сан Мигел, Естреља Дам и Крузкампо.
Секоја чест España, освен во фудбал, сега почнаа да владеат и во пиво. А каде се уште и Махоу, Алхамбра, Естреља Галиција... Љубителите на овој напиток знаат дека во Англија ќе уживаат, за разлика од љубителите на добра храна кои ќе мора да се потрудат за да најдат квалитетен ресторан , а „сервезата“ е се поважна.