На турнирот „Аутригер Рејнбоу Класик“ кој се одржува на Хаваи, нашиот млад центар постигна 24 поени и беше прв стрелец на натпреварот.
И покрај тоа што не беше стартер, Симиќ беше најпродуктивниот играч во составот на Маверикс. Доби 25 минути кои ги искористи максимално: погоди 9/17 шута од игра, даде дури четири тројки и имаше 5 скока.
Тој потврди дека одлично се адаптира на американскиот стил на игра по неговото успешно деби од 16 поени пред само неколку дена.
Со вакви доминантни партии, 22-годишниот центар брзо се наметнува како еден од клучните играчи на својот универзитет и најавува блескава сезона во САД.