Во финалето на Европското првенство во Полска и Украина, репрезентацијата на Шпанија ги искористи повредите на Италија и нивното играње со фудбалер помалку и ја совлада со високи 4:0.
И покрај големото водство, Шпанците продолжуваа со нападите и нивната победа можеше да биде уште поголема, но тоа не му се допадна на капитенот Икер Касиљас.
Додека Италијанците едвај го чекаа последниот судиски свиреж во судиското продолжение, Касиљас му пријде на помошниот судија и побара главниот судија Педро Проенса да суди крај.
„Почитувајте го противникот. Почитувајте ја Италија", му довикуваше Касиљас на помошникот судија, а неколку секунди подоцна, главниот судија Пруенса го означи крајот на натпреварот.