Наместена Еуро 2012 драма

Директно УЕФА е обвинета дека создала драма на еден од натпреварите на европското, и како за беља повторно тоа е натпревар во кој играла Италија.


Европската фудбалска организација наводно пуштила однапред снимени сцени за време на некои од клучните моменти на првенството. Во основа станува збор за кадри од трибините.

Таква е ситуацијата со сцената со Германката која плачеше по вториот гол на Балотели во полуфиналето, која всушност била снимена уште пред почетокот на натпреварот за време на свирењето на германската химна.

"Секако која било форма на цензура или манипулација не е прифатлива за нас. Затоа отворено и рековме на УЕФА дека германската публика очекува преносот да биде во живо кога пишува дека е во живо," порачале од германскиот канал АРД, од каде и ја откриле измамата.

3 јули 2012 - 08:57