Ниту една репрезентација во историјата на Европските првенства не си ја одбранила титулата, но Шпанците се први на кои тоа можеби ќе им успее. Според кладилниците, тие имаат поголеми шанси во финалето.
Коефициентот за победа на Шпанија во регуларните 90 минути е 2,15 според bwin, за нерешено е 3,25 а за победа на Италија тие нудат коефициент 3,5.
За победник на турнирот, без разлика дали натпреварот ќе биде решен во регуларниот дел, по продолженија или по изведување на пенали, коефициентот на Шпанија е 1,6 а на Италија 2,3.
Моментално на врвот на листата на стрелци со по три гола се наоѓаат Манџукиќ, Гомез, Балотели, Ѕагоев и Роналдо, но само Супер Марио не е елиминиран и очекувано тој има најголеми шанси да биде најдобар стрелец на овој турнир. Коефициентот за него е 2,5. Реални шанси да го престигнат имаат тројца Шпанци кои до сега имаат постигнато по два гола. Коефициентот на Торес е 9, Фабрегас 12, а за Алонсо 19.
Како што и сите прогнозираат, најголеми шанси за да биде прогласен за играч на турнирот според прикажаните игри до сега има Андреа Пирло. Коефициентот за него е 1,65. Зад него се Андрес Иниеста со 4,25 и Марио Балотели со коефициент 12.