Шпанците ја воспоставија контролата на теренот уште од самиот старт на натпреварот и по два блокирани шута, во десеттата минута Чави имаше шанса да го открие резултатот, но неговиот шут од околу 17 метри, но топката отиде над пречката.
Италија не успеа да се ослободи од притисокот и по 14 минути ги стигна казната. Иниеста го пронајде Фабрегас по десната страна, а тој успеа да ја испрати топката пред голот на Италија каде Давид Силва со глава ја спроведе во мрежата за водство на Шпанија.
Ова беше прв пат како Италија му дозволи на противникот да биде во водство на Европското првенство, а репрезентацијата на Шпанија победи на последните 61 натпревар на кои тие први постигнале гол.
Италија конечно тргна поагресивно, направи притисок кон противничкиот гол, креираше неколку шанси, но не успеа да израмни.
На четири минути до крајот, Висенте дел Боске повторно ги замолкна оние кои го критикуваа затоа што не игра со класични напаѓачи. Чави одлично го проигра Жорди Алба кој искочи сам пред Буфон, а италијанскиот голман беше немоќен да го спречи и Шпанија на полувремето замина со предност од 2:0.
Во историјата на Европските првенства се памети само еден финален натпревар како некоја репрезентација успевала да се врати по негатива од 2:0. Чехословачка имаше предност од 2:0, но Германија успеа да израмни во финалето на Европското првенство во 1976-та година.
Тоа не им успеа на Италијанците. Азурите тргнаа во напад но успеваа да ја затресат мрежата на Касиљас, но подеднакво опасни беа и Шпанците.
Шампањското веќе беше подготвено во 61-та минута кога се повреди Мота, а Чезаре Прандели веќе ги имаше извршено трите измени, па во последните 30 минути Шпанија освен што имаше предност од два гола, на теренот имаше предност и од играч повеќе.
Шпанците рутинирано го доиграа остатокот од натпреварот и во последните шест минути го дотолчија противникот.
Во 84-та минута Чави повторно беше асистент и повторно одлично го проигра Торес кој не ја пропушти својата шанса и по трет пат го совлада Буфон.
Фернандо Торес стана првиот фудбалер кој постигнал голови во две финалиња на Европски првенства.
Точка на натпреварот на една минута до крајот стави нововлезениот Хуан Мата по асистенција на Торес.
Хуан Мата постави и нов рекорд со постигнувањето на голот по само една минута и 14 секунди откако влезе на теренот. Шпанија сруши уште еден рекорд со тоа што стана првата репрезентација која постигнала четири гола на финале на Европско првенство.