Главен фаворит за признанието МВП на Европското првенство во Полска и Украина до пред почетокот на финалето беше Андреа Пирло, но по шпанското демолирање, за најдобар фудбалер на првенството е прогласен Андрес Иниеста.
Ова признание му беше доделено со одлука на технички тим на УЕФА составен од 11 луѓе кои ги следеле сите натпревари на Европското првенство.
Доминацијата на Шпанија на ова Европско првенство доби уште една потврда откако во тимот составен од најдобрите 23 фудбалери се најдоа 10 Шпанци. Финалистот Италија има четири фудбалери, исто колку и Германија, Португалија има тројца, а Англија и Шведска по еден.
Најдобриот тим на првенството:
Голмани: Џанлуиџи Буфон (ИТА), Икер Касиљас (Шпанија), Мануел Ноер (ГЕР).
Одбрана: Жерард Пике (ШПА), Фабио Коентра (ПОР), Филип Лам (ГЕР), Серхио Рамос (ШПА), Пепе (ПОР), Жорди Алба (ШПА).
Среден ред: Даниеле Де Роси (ИТА), Стивен Џерард (АНГ), Чави (ШПА), Андрес Иниеста (ШПА), Сами Кедира (ГЕР), Серхио Бускетс (ШПА), Месут Озил (ГЕР), Андреа Пирло (ИТА), Чаби Алонсо (ШПА), Давид Силва (ШПА), Сеск Фабрегас (ШПА).
Напад: Кристијано Роналдо (ПОР), Марио Балотели (ИТА), Златан Ибрахимовиќ (ШВЕ).