Тимовите кои доминираа со посед на топка на Европското првенство победиле само на 45,2% од натпреварите (14 од 31 натпревар), а на 10 натпревари (32,3%) дури биле и поразени. Типичен пример за тоа е победата на Грција над Русија со само 31% посед на топка, како и победата на Португалија над Холандија со посед на топка од 38%.
Репрезентациите кои биле супериорни во однос на прецизните додавања победиле на само 15 натпревари (48,4%), а оние кои доминирале и со посед на топка и со прецизни додавања победиле на 14 натпревари.
Дури ни доминација во посед на топка, прецизни додавања и повеќе упатени удари кон противнички гол не гарантира победа. Репрезентациите кои доминирале на овие три полиња победиле на само 62,5% од натпреварите. Пример за ова е полуфиналниот натпревар помеѓу Германија и Италија кога Германците имаа повеќе посед, прецизни додавања и шутеви кон гол, но сепак беа надиграни и елиминирани.