Каде се јаде во Лондон за 70 илјади долари?

Колкава е најголемата сметка што со друштво сте ја направиле во кафана? Чекајте сега да ја видите наводната сметка од вечерата на 15 високи функционери на организаторот на Олимпијадата.

Сметката објавена од член на Редит, изнесува 69.469 долари и е направена од маса со 15 луѓе, што е околу 4.630 долари по човек.

Најголемиот дел од сумата, 29.555 долари, се потрошени на едно шише Хенеси од 1853-та. Додека (од тоа што може да се види) останатите ставки се по регуларни лондонски цени, како порција сладолед - 7 фунти.

Во сумата од 69 илјади е вклучен и бакшишот од 7.710 долари.

Иако сметката се појави пред неколку дена, новинарите се уште не можат да ја потврдат веродостојноста на целата приказна и кои се луѓето што биле на вечерата. Единствено што успеаа да откријат е дека вечерата се случила во ресторанот China Tang, кој е еден од ретките што во своето мени ја нуди комбинацијата на скап коњак со оваа храна.

3 август 2012 - 10:47