Во онлајн истражување, 37% од испитаниците го идентификувале Најк како спонзор, додека само 24% погодиле дека тоа е Адидас. Ова веројатно се должи и на успехот на Најк да го идентификува својот бренд со сериозни спортисти од најразлични спортови. Плус, Најк е одличен во герила маркетингот, што на овие игри го покажа со глобалната кампања и спотот "Find your greatnes," во кој аматерски спортисти се натпреваруваат низ светот во места кои исто така се викаат Лондон. Освен ова Олимпијците кои ќе освојат медала компанијата ги преплавува со најразлична опрема за церемонијата за доделување на медалите.
Кој е официјален спонзор на ОИ 2012?
Кока-кола 47% - Пепси 28%
МекДоналдс 40% - Бургер Кинг 19%
Кока-кола и МекДоналдс се едни од ретките брендови кои правилно биле препознаени како олимписки спонзори.
Анкетираните требало да одговорат и на прашањето дали тоа што еден бренд е спонзор прави тие да се чувствуваат попозитивно околу него. Највисока оценка по оваа основа добиле Најк (54%), Бургер Кинг (52%) и Пепси (48%) кои воопшто не се на списокот спонзори за оваа Олимпијада.
Без никаква герила кампања или спонзорство на спортисти, Гугл исто така е еден од погрешно идентификуваните спонзори на Олимпијадата, со 16% од гласовите.