Во маратонски натпревар кој траеше четири часа и 26 минути и трет сет во кој се одиграа 36 гејма за два часа и 43 минути, прворангираниот тенисер на светот, Роџер Федерер успеа да го совлада Хуан Мартин дел Потро и да се пласира во финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Лондон.
Првиот сет му припадна на Аргентинецот со резултат 6:3, а Федерер израмни откако го доби вториот сет по тај-брејк со 7:6. Во решавачкиот трет сет по израмнета игра и 36 гејма, Федерер славеше со 19:17.
Во финалето на 5-ти август тој ќе се сретне со Британецот Енди Мареј кој успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ. За реприза и шанса за одмазда за поразот од финалето на Вимблдон, Британецот се избори со победа од 2:0 во сетови (7:5, 7:5).